Смртна закана упатена кон Христијан Пендиков предмет на предистражна постапка во Софиското обвинителство

Софиското окружно обвинителство поведе предистражна постапка за смртна закана упатена кон Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид, а подоцна опериран на ВМА во Софија..

Обвинителството добило сигнал од Главната дирекција за борба против организиран криминал – МВР, дека Пендиков добил заканувачка порака на македонски јазик во апликација на социјална мрежа, како и дека на интернет се објавуваат слики од Христијан со повици за насилство врз него, објавија бугарските медиуми.

Истрагата за случајот е доделена на ГДБОП – МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e