Следната недела ќе се одреди термин за судење на Груевски

Судот ги добил првите обвиненија на СЈО но се уште не решил кој судија ќе му го прати обвинението на екс премиерот и на уште 20 обвинети во случаите за демолирањето на општина Центар и за уништувањето на документи поврзани со прислушувањето. Законските рокови течат, а специјалната обвинителка Јанева очекува скор старт на судењата, пренесува Телма.

Никој не ги кажува имињата на обвинетите за општина Центар, но според описот даден од СЈО станува збор и за високопозиционирани партиски функционери и за членство на ВМРО-ДПМНЕ. Претставници на оваа партија го обвинуваат СЈО за двојни аршини и дека треба да ги води и случаите од шарената револуција кои ги води скопското обвинителство.

Од прес службата на јавното обвинителство ни одговорија дека досега за инцидентите во шарената револуција имаат отворено 5 случаи со седум обвинети за учество во толпа која што ќе стори кривично дело.

 -За тројца од обвинетите, надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје донесе Пресуда врз основа на признание, со која им е изречена алтернативна мерка – условна осуда. Донесената пресуда е правосилна. За останатите четворица сеиште не е донесена првостепена одлука.Во Основното јавно обвинителство Скопје во предходна постапка се работи на предмети и против други лица за истото кривично дело, ни одговорија од обвинителството.

СЈО вчера соопшти дека отвора два случаи, едниот за насилствата во општина Центар за време на седници на Совет на која се расправало за поништување на ДУП-ови. Првообвинет за потикнување на насилство е поранешен владин функционер кој по телефон му давал упатства на екс министер и заедно со уште тројца советници од партијата организирале протести. Против 9-мина кои и порано учествувале на други контарпротести и се партиски членови од Скопје покренато е обвинение за насилство. Во овој случај според податоците од прес конференцијата на СЈО се препознава дека првообвинет е екс премиерот Никола Груевски. Во друг случај обвинети се 7-мина припадници на УБК кои противзаконски уништувале документи меѓу кои и тајни податоци за системите за прислушување на МВР. Првообвинет во овој случај е обвинет и во истрагата Тврдина и тој според СЈО го организирал уништувањето и на опремата и на документите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e