Следната недела ќе се активира апликацијата за следење на контакти со заразени со КОВИД-19

Според министерот Манчевски, апликацијата гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.
Апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони, најави денеска министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски.

„Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата, ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број, ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена, податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица“, објасни Манчевски.

Тој рече дека ова е слично решение како во Сингапур, кое дава добри резултати. Манчевски најави и кампања за промоција на апликацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e