„Скришно“ укинати и возови од внатрешниот железнички сообраќај

Без никаква најава во медиумите, Македонски железници – Транспорт од 5 септември ги укина патничките возови што помпезно ги најави во јуни годинава, пишува порталот Билд.

По само три месеци, укинати се по еден пар возови на релација Скопје-Кичево-Скопје, Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Гевгелија-Скопје.

Покрај експресните возови од Скопје до Белград во 8.20 и 22.14 часот, укинат е и возот кон Солун со поаѓање во 4.45 часот, возот Скопје-Кочани со поаѓање во 1.54 часот и возот Скопје-Кичево со поаѓање во 2.50 часот. Со новата редукција на возниот ред, од главниот град до Кичево и до Кочани сообраќа само по еден воз дневно, кон Гевгелија сообраќаат само два воза дневно, додека кон Табановце четири воза дневно.

Од Македонски железници-Транспорт , наведува порталот, не ги објаснуваат причините за укинување на дел од новите возови што беа воведени на 12 јуни годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e