Скопјанка починала во заглавен лифт додека Итната помош се обидувала да ја носи кон болница

При интервенција на повик на улица „Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т (68) од Скопје, кога екипата на Итната медицинска помош се обидела да ја пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“, лифтот се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата, a пациентката Л.Т починала.

Ова ноќеска во 00:23 часот во СВР Скопје го пријавил доктор од Итна медицинска помош.

Како што соопшти МВР, на местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e