СЈО пред нови предизвици, роковите газат – предлозите чекаат!

Засега нема никаква иницијатива од партиите по барањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за укинување на роковите за истраги, за автономија во заштитата на сведоците и за Законот за приватност. Аналитичарите со поделени ставови за работата на ова обвинителство.

„Не е СЈО во криза, во криза е нивното неработење. Помина една година, а тие не успеаја да го разрешат главното прашање, а тоа е кој прислушувал и во чиј интерес. Од друга страна за нејзините три барања мислам дека нема време да се изгласа во овој состав на парламент, и ако евентуално се ставаат како точки на ред, тоа ќе биде наредниот состав на парламентот. 2.14 – „Мислам дека следните 8 месеци, нема да се изјаснува Уставниот суд во тој период, бидејќи е во неблагодарна улога. Мислам дека Уставниот суд нема да се произнесе, а СЈО ќе продолжи да работи“, изјави Александар Пандов.

На претседателката на Уставниот суд Елена Гошева мандатот и завршува за околу еден месец, но останува отворена дилемата дали дотогаш Уставниот суд ќе се произнесе за инцијативата на Тодор Петров за уставноста на СЈО.

„Многу е сериозна состојбата иако оваа есенска пресметка мора да се случи или правдата или криминалот, но криминалот очигледно е многу поорганизиран од правдата бидејќи самиот криминал ја упропасти правдата“, изјави Трендафил Ивановски.

Откако судијката од Кривичниот суд Лидија Петрова му го врати обвинението на СЈО поради недоставен акт за декласификација на докази, тие повторно ги доставија доказите до судот, но и побараа нејзино иземање, бидејќи нејзиното име се споменува во прислушуваните материјали, што според СЈО директно влијае на непристрасноста во одлучувањето. Од Врховниот суд  скоро половина година се немаат изјаснето за оценката на законитоста во случајот со определувањето притвор на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.  Јанева во петокот им порача на пратениците да ја прашаат претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова зошто не се открива кој прислушувал. За утре е закажана нова седница на работните групи во Собранието, на која Катица Јанева треба повторно да го образложи извештајот за нејзината работа, а по неа и обвинителот Марко Зврлевски.

Извор: ТВ21

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e