Сиромаштија и мизерија низ Скопје – властите се грижат за спомениците!

Властите ги чистат спомениците на „Скопје 2014“, додека низ центарот на градот, жени и деца лежат на картонски „постели“ на калливите и смрзнати улици на престолнината и питачат, за да ја преживеат зимата!

Граѓански новинар, кој сака да остане анонимен, ни испрати видео-материјал снимен денеска на скопските улици, како негов прилог за нехуманоста и искривоколчените критериуми и изместената листа на приоритети на актуелната власт. Додека на завеаниот скопски плоштад се чисти снегот од споменикот „Воин на коњ“, едвај на неколку стотини метри од нив, детенце лежи врз картон на снегот и питачи…

Македонија, бесчувствителна….

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e