Синоќа во Струмица почуствуван земјотрес од три степени

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 21:40 часот е почувствуван во околината на Струмица, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесувала 2.5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e