Силно невреме ја зафати државата, град во кривопаланечко и Ранковце

Попладнево силно невреме проследено со проејни дождови, грмежи и наместа град зафати поголем дел од земјава.
Од соседно Косово кон нашата територија навлезе силен олуен систем кој понатаму на повеќе места ќе условува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Град и обилни врнежи паднаа попладнево во Крива Паланка и Ранковце.

Нестабилното време ќе се задржи и во првите денови од следната недела. Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менуваат, исклучок ќе биде утрешниот ден кога ќе биде малку посвеж со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e