Силјановска: Се разбира дека ќе ги применувам Договорот од Преспа и новото уставно име

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на Телма на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори потврдно.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2 стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“, рече Силјановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e