Силјановска не се појави на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево

Вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево помина без нивната кандидатка за претседател на државата.

Силјановска се огласи преку Фејсбук, објаснувајки дека отсуството било поради здравствени причини.

“Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам“, напиша Силјановска.

Како одминува кампањата, така кај кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе е очигледен заморот. Најверојатно токму од тој замор се случија и оние лапсуси со Кавадарци/Неготино и Кичево/Кочани, а сега и пропуштање на митинг. Од тука се поставува прашањето, дали и колку е спремна Силјановска да се носи со највисоката функција во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e