Шверцери: Снимките ги демантираат наводите за демолирање, вандализам и дивеење

Навивачката група „Шверцери” најостро ја демантира постојаната тенденциозна пропаганда против нашата прослава на 30 години од нашето постоење. Сите снимки, а посебно нашата снимка половина час по настанот во празната сала, ги демантираа тенденциозните известување за наводното демолирање, вандализам и дивеење, реагираат од навивачката група.

„Се констатира дека немало вандализам и дивеење, ниту намерно предизвикана штета, туку само пеење и скандирање како начин на изразување во навивачката култура насекаде низ свет. Да ги разјасниме дилемите, Организатор на настанот сме ние, навивачката група Шверцери, и на тој настан беше прикажан краток документарен филм како и беа доделени признаници на еминентни личности од фудбалскиот живот кои го дале својот допринос за нашиот клуб“, велат „Шверцери“.

Од таму истакнуваат дека за нив е сомниетелно пријавување на наводна штета три дена по настанот.

„На настанот како гости ги поканивме сите играчи и тренери, сегашни и поранешни, на нашиот клуб, поранешното и сегашното раководство на клубот, градоначалници и пратеници, идр, кои што не удостојија со нивното присуство. Чудни се заклучоците без записник на состојбата на салата пред и по настанот, и со намерна пропаганда три дена по настанот, на кој што нема забележано ниту еден инцидент во ниту еден билтен. Сомнително е исто така пријавувањето на наводна штета три дена по настанот што остава простор за размислување дека „штетата“ можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан, слично како на сериозните оштетувања од негрижа на објектот надвор и внатре. Ние бевме во театарот да прославиме јубилеј, а не да рушиме, дивееме, вандализираме“, додаваат од навивачката група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e