Што велеше Стојанче Ангелов за ВМРО-ДПМНЕ и својот нов коалиционен партнер Мицкоски

Ангелов за својот нов коалиционен партнер на трибина во 2019 година рече дека „Не е патриотизам ако мафтате со сонцето од Кутлеш, а притоа ништо не правите за својот народ.

„Тие цело време зборуваат за патриотизам, но патриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ е фолклорен патриотизам. Не е патриотизам ако вие вашата куќа ја наредите со ѕвездата од Кутлеш. Не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а притоа ништо не правите за својот народ“ рече своевремено Стојанче Ангелов за ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека вистински патриотизам е тоа што го прави Владата предводена од СДСМ, односно економскиот патриотизам.

Мицкоски, вели Ангелов, го „поткрепи” договорот на лош бугарски јазик.

„Се изнаслушавме секакви работи за договорот со Бугарија. Но, вчера можевме да го слушнеме претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, како на прашање на Борисов вели, цитирам ‘поткрепиме, поткрепиме’ договорот“ изјави Стојанче Ангелов за Мицкоски во 2019 година.

Тогаш Ангелов додаде дека Мицкоски се труди да зборува на бугарски јазик, кој лошо го зборува.

„Но тој на лице место го покажа лицемерието. Она што е јасно е дека едно зборува овде, на нашите луѓе, а друго надвор. Дрскоста оди до таму што она што ние можевме да го слушнеме и видиме, тие се обидоа да го негираат. Може само да претпоставиме колку лажат за други работи“ рече Ангелов.

И покрај ваквите ставови за Мицкоски, Стојанче Ангелов сега влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што вели добил гаранции и ветувања на кои, сега, им верува.
Видеата погледнете ги на Фронтлајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e