Што следува после потпишувањето на договорот во Преспа – на потег Собранието

Oткако утре министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас ќе го потпишат договорот за името во Преспа, потпишаниот договор оди на ратификација, односно прифаќање во македонското Собрание.

Пратениците го гласаат договорот со обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници (минимален кворум за работа на собранието се најмалку 61 пратеник, а од нив 31 треба да гласаат „за“договорот за да се ратификува).

Претседателот на Собранието, Талат Џафери потоа го потпишува и оди на потпис кај претседателот Ѓорге Иванов кој има рок од 7 дена за потпис.

Со оглед на тоа што тој најави дека нема да го поддржи договорот, по овој рок, законот се става повторно на гласање во Собранието. Тогаш мора да го гласа апсолутно мнозинство – 61 пратеник треба да гласа за.

После тоа повторно оди на потпис и Иванов е по Устав обврзан да го потпише. Иванов можно е да ја повтори неуставната одлука за непотпишување како со Законот за употреба на јазиците, но уставни експерти велат дека во овој случај законот треба да се објави во Службен весник само со потпис на претседателот на Собранието и со тоа стапува на сила.

Погрешни и штетни се калкуалциите дека треба да се чека потписот на претседателот, како што се чека за Законот за јазици. Со чекањето и Параламентот го крши Уставот. Не смее да се чека, тогаш мора да се прескокне претседателот оти според Уставот тој не смее и не може да ја блокира волјата на Парламентот. На тој начин се погреши со чекањето за Законот за јазици кој уште не е објавен и се направи лош преседан, велат уставни експерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e