Што се случувало по земјотресот во 1963 година

Универзитетскиот професор на градежниот факутет во Скопје и експерт за армирано бетонски конструкции, Горан Марковски. во вечерашното отворено студио на ТВ Нова зборуваше за последиците од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година и за последиците кои овој земјотрес ги донесе следните две години.

“После земјотресот во Скопје, во наредните 2 години имало дури 600 потреси во скопската котлина, од 63-та до Октомври 65-та година. 600 афтер-шокови, некои почувствувани, некои непочувствувани. Значи скоро секој ден по еден”, – вели Марковски.

“Ние треба во свеста секогаш да го носиме сознанието дека овој регион е подложен на земјотреси, а најмногу кога носиме одлука да инвестираме во градба. Јас би бил многу среќен доколку мал процент од овој страв кој го чувствуваме е присутен кога носиме одлука да започнеме со инвестиција во некоја градба”,- додаде Марковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e