Шилегов: Владата да функционира според потребите на граѓаните, на тоа сме фокусирани!

Одговори на новинарски прашања
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 19.05.2017
Медиуми: Ќе заврши ли лидерската брзо?

Шилегов: Како што знаете започнат е процесот на разговори за формирање на новата Влада, лидерската средба е во тек. По завршувањето на средбата и од страна на СДСМ и од страна на ДУИ до јавноста ќе бидат испратени соопштенија.

Медиуми:………….

Шилегов: Сосема е небитно прашањето за ресорската распределба или персоналната распределба на имиња или ресори по политичките партии. Она што е најбитно за Р.Македонија, она што е интерес за Р.Македонија да ги смениме, односно да воспоставиме принцип на фунцкионирање односно враќање на системот на функционирање во којшто граѓаните Владата ќе ја осеќаат за своја. Доколку остане истиот принцип, или истиот начин или систем на функционирање на власта тогаш се совршено небитни ресорите и персоналните решенија на тие ресори.

Медиуми: Каков е ставот на идната Влада во врска со приемот на Косово во УНЕСКО? Дали ќе биде онака како што рече вашиот претседател Заев?

Шилегов: Она што ние го имаме кажано како политички став на СДСМ преку претседателот Заев, тоа е став на СДСМ. Владата на Р.Македонија после нејзиното основање ќе усогласи став којшто ќе го каже при гласањето во УНЕСКО.

Медиуми: Дали е можно да се случи влијание од партиите со кои преговарате, чиј интерес е спротивен?

Шилегов: Не би сакал да шпекулирам за одлука на Влада којашто сеуште не е основана.

Медиуми: Ќе се намали Кабинетот на Заев, бројот на министри?

Шилегов: Повторно велам, во тек се процесите, договорите и разговорите за формирање на Владата. Откако ќе завршат подоцна ќе можеме да разговараме за бројот на министрите, за ресорите кои политички партии ги добиваат. За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за граѓаните на Р.Македонија многу е битно новата Влада да функционира на сосема поинаков начин, систем и принципи од досегашното разбојничко функционирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Медиуми: До кога очекувате да траат овие разговори околу формирањето на Влада?

Шилегов: Очекуваме што е можно поскоро да завршат овие разговори бидејќи како што реков и како што ветивме нема да бидат потребни дваесетте дена предвидени со Уставот. Ден поскоро формирање на Влада е ден подобро за Р.Македонија да избегнеме токму од ваквите штетни и криминални договори коишто гледате дека една власт во заминување ги потпишува.

Медиуми: Со Беса ќе разговарате?

Шилегов: Ќе разговоараме со сите политички партии кои ги дадоа потписите за добивање на мандат за состав на Влада. Во тие разговори, ќе бидат дефинирани политичките позиции на секоја партија, во смисла на поддршка на Владата и идна партиципација. Дали тоа ќе биде преку ресорно учество или преку политичка поддршка на Владата, тоа ќе биде резултат на тие преговори.

Медиуми:…..

Шилегов: Повторно кажуваме, сакаме да ја смениме и логиката на размислувањата кои што и јавноста досега ги има по инерција. Не се битни ресорите, многу е битно таа Влада да функционира за потребите на граѓаните.

Медиуми: Од Беса дури и јавно побараа повлекување на одлуката за Талат Џафери за претседател на Собрание. Како го коментирате тоа?

Шилегов: Јас немам чуено дека Беса имаат побарано таква работа. Пак кажувам, сите партии кои ги имаат дадено потписите за добивање мандатот, ќе бидат дел од разговорите. По завршување на тие разговори, ќе ги дефинираме позициите на тие партии, во однос на владиното мнозинство.

Медиуми: Дали Заев планира да патува кај Могерини во среда? Има Заев лична покана?

Шилегов: Колку што јас знам, поканата и средбата е на премиерско ниво, а остатокот од одговорот ќе треба да го прашате организаторот.

Медиуми: Кога ќе биде средбата со Беса и со Алијанса?

Шилегов: Очекуваме дека средбите ќе се интезивираат и навремено ќе ве известиме. Денеска, се извинувам, имавме мало неусогласување, ме контакиравте и мене, но сепак мислам дека сите имавте навремена најава за денешната средба. Средбите помеѓу лидерите на политичките партии ќе бидат навремено највувани, со цел и вие и јавноста да бидете благовремено известени. Формирање Влада меѓу политички партии е многу нормална работа после изборите, не е ништо тајно за тие средби да се кријат.

Медиуми: Дали ќе има интервенции во програмата што ја соопшти лидерот, т.е. мандатарот Заев врз основа на програмите кои ги имаат останатите партнери?

Шилегов: Програмата којашто ја објави СДСМ во себе имплементира доволен број на мерки којшто се опфатени со програмите на останатите политички партии.

Медиуми: СДСМ реагираше брзо во поглед на екстерното оценување дали можеме да очекуваме некои слични постапки, односно предлог закони да се поднесат до Собранието?

Шилегов: Оние закони за којшто сакале или не сакале, заради поведението на опозицијата во Собранието во фаза на конститутивната седница ги доведовме граѓаните и децата во еден цајтнот, во неможност да се, или да бидат на терен кај што не знаат што ќе направат со екстерното, не поведе и нас да го исполниме нашето ветување. Ние тие закони во најкратка постапка како што веќе знаете ги поднесовме во Собранието на Македонија и очекуваме дека конечно непосредно после таа седница ќе се одржи седницата за избор на Влада на Република Македонија, да ги нормализираме политичките односи и мерките којшто како интервентни, итни се предвидени и ветени пред граѓаните да бидат веднаш исполнети.

Медиуми: Какви се консултациите за комисиите во Собрание?

Шилегов: Тоа ќе треба да прашате во службите на Собранието. Од наша страна ние немаме никаков проблем, дури и го охрабруваме ДПМНЕ да си ја прифати улогата на политичка опозиција за да го деблокираме процесот на Собранието и на формирање на Комисии во Собранието.

Медиуми: Дали вие имате веќе утврдено кандидати за тие комисии, како СДСМ?

Шилегов: Утврдувањето на бројот на кандидатите и членовите на комисиите, зависи од одлуката на ДПМНЕ каква позиција ќе сакаат да заземат. Доколку одлучат да немаат пратеничка група, еден состав, вие како искусен известувач од Собранието знаете, доколку одлучат да имаат пратеничка група тогаш има поинаков состав. Затоа можеме за тоа да разговараме од како ВМРО ДПМНЕ ќе се произнесе, нема да дозволиме тој процес на нивно произнесување да го толерираме предолго време, заради тоа што мораме да ги ставиме во постапка законите за укинување на екстерното образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e