Шилегов на Канал 5: Жал ми е што противкандидатката повторно одбива ТВ дуел и соочување на концептите

„Благодарам за можноста да се обратам кон скопјани, но жал ми е што ова е само интервју, а противкандидатката одбива да биде дуел. Не знам дали ќе имаме ТВ дуел до вториот круг, но очигледно е дека таа избегнува директни соочувања“ кажа кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на „Само интервју“ на Канал 5.

„Кога имаше повеќе гужва во првиот круг, таа се обидуваше да се сокрие меѓу повеќето кандидати. Сепак мислам дека е коректно да ги соочиме концептите за Град Скопје. Ова се избори за градоначалник и коректно е и учтиво да ги испочитуваме граѓаните и да ги соочиме концептите, избегнувањето на дуелите е потценување на граѓаните“ рече Шилегов.

Тој додаде дека во дебатите пред првиот круг на локалните избори тој бил свесен за ниските напади на кои ќе биде мета, но поради почитта на скопјани се појавувал.

Шилегов додаде дека чесно е да се седне на дуел со цел да се соочат концептите и политиките и дека ова избегнување на ТВ дуел го потсеќа на некои други времиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e