Шилегов: Димса намалете малку со лажните вести, многу лажете

Фејсбук преписка помеѓу градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Арсовски.

Попладнево Арсовски на својот Фејсбук профил го прозва градоначалникот Шилегов дека власта е на прав, а градот Скопје е град на мобилност, постирајќи стара слика од обележан сообраќаен знак за заштита на ранливите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот Шилегов на тоа му одговори дека сликата е уште од пред тој да стане градоначалник, односно тоа е  бележено во јули 2017 година за “потребите” на натпреварот за Европски куп.

„Што би се рекло, пред јас да станам градоначалник. Веројатно, упатството било на англиски, па дошло до не(до)разбирање од мојот (а сепак ваш) предхотходник. Ти текнува ? Ду ју андерстенд ? Ор даз хи андерстенд ? (Намерно ви пишувам кирилица. Да може да прочитате. Не сум сигурен колку разбирате . ) И полека малку со фејковиве. Се утепавте од лажење …“, напиша градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e