Шекеринска: Дел сум од Влада која им објави „војна“ на криминалот и корупцијата

Апсолутно демантирам било каква вмешаност во случајот и ги повикувам обвинителството и сите органи час поскоро да ја интензивираат истрагата, вели министерката Радмила Шеќеринска, коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека е вмешана во случајот „Рекет“, откако во новите снимки, се слуша како, Бојан Јовановски и Орце Камчев зборуваат за „Бобо и неговата сопруга“, кои наводно им доаѓале на гости. Од нејзиниот кабинет на прашањето на телевизија 24 испратија кус нејзин коментар.

-Раководам со стратешки важно министерство, дел сум од Влада која им објави „војна“ на криминалот и корупцијата и ги разбирам потребите за дисквалификации и неосновани напади, но најодговорно се спротивставувам на оркестрираните обиди да се стави знак на еднаквост меѓу криминалците и оние кои не се тоа, меѓу корумпираните и оние кои избрале да работат чесно. Впрочем, од моментот кога се отвори случајот, двајцата осомничени се во притвор, а владата никого не заштити туку целосно ја поддржа истрагата, а така ќе продолжи и во иднина – вели Шеќеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e