Шекеринска: Со членството во ЕУ влегуваме во пирамидата на европскиот обвинител, кога нашите и да потфрлат има некој што ќе реагира

„Поради тоа што Хрватска е дел од системот за соработка, со европски обвинител, во Хрватска има отворено предмети за 300 милиони евра корупција врзани со европски пари. Со сите маани и незадоволство, влегуваш во некоаков канал и кога твоите институциите ќе потфрлат, има некој што ќе реагира“ рече потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Таа додаде дека во Хрватска има незадоволство поради корупција, но секој политичар во одреден момент наидува на европска истрага, по што следува одговорноста.

„Сите автократи дојдоа на власт на тема и кампања за борба против корупција, а по шест месеци го покажа вистинското лице. Проблемот е што кога ќе станат автократи, после нема кој да ги критикува за растот на корупцијата – медиумите се исплашени или купени, луѓето се тргаат на страна. Демократска влада ако е корумпирана добива удар од јавноста, ако автократска влада е корумпирана добиваш заробена држава“ рече Шекеринска.

Таа додаде дека за борбата против корупцијата сепак не е доволна само ЕУ, туку потребна е и домашна битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e