Северна Македонија во втор круг бира претседател

Граѓаните денеска гласаат во вториот круг на шестите претседателски избори од независноста на земјава. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места. Гласачките места се отворeни од 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот. Ако се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што се задоцнило.

Победува еден од двајцата кандидати што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Ако и во вториот круг ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови, се повторува целата изборна постапка, согласно Изборниот законик.

Заедно со вториот круг на претседателските избори денеска се одржува и втор круг од предвремени локални избори за градоначалници на Охрид и на Ново Село.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, а во Ново Село 11.365 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e