Сеад Кочан и Василије Авировиќ пристигнаа на сослушување пред Кривичниот суд

Пред кривчниот суд во Скопје кај судија на претходна постапка треба да бидат сослушани Сеад Кочан, сопственик на „Транс мет“ и Василије Авировиќ, овластен потписник на „Силекс неметали СТ“ опфатени во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинитетво. Тие, како што јавува новинарот на Сведок, Васко Малешов пристигнаа во судот на сослушувањето закажано за во 13 часот на Сеат Кочан, а во 14 и на Авировиќ, објавува порталот Сведок.

Фото: Сведок

СЈО бара определување на мерка притвор за осомничените по сите три основи:

опасност од бегство,

можност за повторување на постапката и

влијание врз сведоци.

Заедно со осомничените Кочан и Авирович, дојде и адвокатот Никола Додевски, кој е адвокат на сите обвинитеи од врвот на ВМРО ДПМНЕ и луѓето блиски на партијата во постапките што ги иницира СЈО.

Фото: Сведок

Во случај судијата на претходна постапка да ги одбие барањата на СЈО и да не им одреди притвор на осомничените, Специјалното јавно обвинителство има право во рок од 24 часа да поднесе жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје, кој пак има рок од 48 часа да одлучи по жалбата. Доколку и советот ја одбие желбата, нивната одлука во тој случај се смета за второстепена, односно конечна. Во спротивно, доколку ја прифати или, пак, одреди други мерки за обезбедување на присуство на осомничените, тие имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Сеад Кочан, Василијие Авировиќ и Сафет Ватиќ се осомничени дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.

Претходно пристигнаа обвинителите на СЈо гаврил Бубевски и Артан ајро. Судии, кај кои може да биде распитот се Ненад савески, Александра Поп Стефанија и Елена Јосифович, кои дос ега ги одбиваа сите барања за притвор.

Кочан е сопственик на телевизијата „НОВА“, а Авирович, син на пратеничката Владанка Авировиќ од социјалистите, ја водел една од фирмите на Љубисав Иванов Синго, во чиј склоп е и Сител Телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e