Се плашат да излезат пред лицето на правдата и се трудат да побегнат од одговорност

Цели 9 години ВМРО ДПМНЕ владееше во коалиција со ДУИ и се’ уште владее… во 2008 год. веднаш по изборите ВМРО ДПМНЕ го донесе Законот за јазиците, со кој се воведе двојазичноста… во 2011 год. веднаш по изборите ВМРО ДПМНЕ ги амнестира Хашките случаи за злосторствата на ОНА врз недолжното цивилно население… во 2012 год. ВМРО ДПМНЕ го донесе Законот за бранителите, со кој ги изедначи припадниците на безбедносните сили со припадниците на ОНА… во 2013 год. ВМРО ДПМНЕ го постави поранешниот командант на ОНА Талат Џафери за министер за одбрана… од нелегално прислушкуваните разговори чувме дека со години наназад ВМРО ДПМНЕ незаконски ги прислушкувал граѓаните, ја факсификувал нивната волја на изборите, правел тешки криминали и злодела против сопствениот народ и ги корумпирал сите државни и јавни институции… сега, пред неколку седмици, веднаш по изборите ВМРО ДПМНЕ во целост ја прифати платформата на албанските партии, но не успеа да направи Влада само заради СЈО…

и сега, кога не може веќе да владее и кога треба да замине во опозиција, ВМРО ДПМНЕ шири етничка омраза и шовинизам, ги мрази и навредува сите Албанци и опозиционери, сее страв меѓу народот и се заканува со војна и крвопролевање… тоа е типично за окорели криминалци, кои се плашат да излезат пред лицето на правдата и кои по секоја цена се трудат да побегнат од одговорност, без оглед на последиците по својот народ и држава…

Фејсбук статус на Томислав Тунтев, пратеник во Собрание на Р.Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e