Се огласи пратеничката Лазаревска кој вчера беше жртва на омраза и агресија во Собранието

На својот фејсбук профил се огласи и пратеничката Жаклина Лазаревска која вчера во Собранието беше мета на вербално и обид за физичко насилство од страна на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
За жал, жените , а особено оние кои се дел од политичката сцена , многу често се изложени на примитивизам, некултура, шовинизам и сексизам.
-Вчерашниот немил настан во Собранието само покажа колкава тежина носиме НИЕ ЖЕНИТЕ кои сме вклучени во политиката. Покажа дека политичката култура кај нас се’ уште е на многу ниско ниво.
Мене лично не ме исплаши вчерашниот чин на навреда, вербален и обид за физички напад , ме загрижи омразата и агресивноста која се манифестира од говорницата на ХРАМОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА, а која секојдневно ја гледаат нашите граѓани небаре Парламетот е арена за гладијаторска борба.
КАКВА ПОРАКА испраќаме кон граѓаните⁉️
Ама секое лошо за арно е‼️
Во вакви моменти се гледа дека луѓето, нашите граѓани не сакаат и осудуваат насилство, знаат да искритикуваат и пофалат, даваат поддршка и знаат да препознаат и разликуваат добро и лошо…
Ви благодарам на СИТЕ за подршката
Борбата за подобра иднина продолжува!
И после се’ НАЈВАЖНО е да останеш ЧОВЕК со чист образ и чувства за љубов, среќа, тага и срам…секогаш истиот независно од ситуацијата и положбата.
Човек, колку гордо звучи тоа! – напиша таа на својо фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e