СДСМ: Заврши времето на злоупотреби од страна на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше се што можеше да злоупотреби, тоа време заврши, сега се работи транспарентно, одговорно и се постапува доколку има неправилности, реагира СДСМ на обвинувањата од страна на опозицијата.

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше се што може да се злоупотреби, сите државни ресурси беа ставени во функција исклучиво за богатење на партиските челници и на фамилијата.
Граѓаните тоа многу добро го знаат. Додека граѓаните 11 години осиромашуваа ВМРО-ДПМНЕ спроведе невиден грабеж. Бројни примери за расипничка, дрска и безобразна злоупотреба на парите на граѓаните и државните институции, почнувајќи од криминалните тендери и јавни набавки, преку криминални шеми за плацеви на Водно, Мајбах очила од 60.000 илјади долари, па се до вртоглави фактури и сметки за ручеци на вработени во УБК со месо од коњ и бизон“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ сака да измислува скандали онаму кадешто ги нема, само за да ги прикрие штетите од нивното деструктивно однесување, против македонската иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e