СДСМ: Законите важат за сите подеднакво, денеска тоа го потврди и Транспаренси, ВМРО-ДПМНЕ не може да се воздржи од изнесување невистини

„Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ.

Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна и ја имаат издржано казната.

Од ВМРО-ДПМНЕ очигледно не можат да се воздржат од пласирање на невистини и конструкции.

Денешниот Извештај на Транспаренси интернешнл потврдува дека законите важат за сите.

Една од главните причини за напредокот од 24 места е тоа што земјата има преземено конкретни чекори за кривично гонење на високи функционери од власта“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e