СДСМ: За Мицковски оценка – недоволен 1

Од владејачката СДСМ реагираат на видео обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за образованието.

Во соопштението СДСМ наведуваат дека од ВМРО-ДПМНЕ се виновни за лошата состојба во образованието.

„Негрижа за образованието, експерименти со разно-разни програми, екстерни тестирања, понижување на наставниците и професорите, срушена автономија на универзитетите, ученици, студенти и родители под стрес, беше карактеристика токму за време на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ“, наведуваат од СДСМ.

Од таму велат дека Мицкоски нема јасен став за клучни прашања за иднината на државата и го оценуваат со недоволен 1.

Во образованието сега се вовуваат сериозни реформи и крупни промени кои носат позитивен резултат, подобро и поквалитетно образование на среден и на долг рок, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e