СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во паника не може да се договори само со себе за штетните и несериозни амандмани

„ВМРО-ДПМНЕ во паника не може само со себе да се договори за штетните, бесмислени и апсурдни амандмани на измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието преку кои се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом.

Вчера нивна пратеничка се оградуваше велеше дека ВМРО-ДПМНЕ немало врска со амандманите, а денеска координаторот на пратеничката група вели дека тие се нивни.

За ВМРО-ДПМНЕ во време на сериозна светска здравствена криза пратениците кои се борат со вирусот, пратениците кои се во изолација поради позитивни членови на нивните семејства, кои не знаат дали ќе го победат вирусот, кога ќе бидат приклучени онлајн треба да покажат бојадисано јајце, да носат пижами, да не носат облека со ознаки на автомеханичарски сервиси.

Ете зад такви небулозни амандмани застанува антинародното ВМРО-ДПМНЕ.

Се што ВМРО-ДПМНЕ прави во Собранието и надвор од него се блокади, деструкции, лажни вести и манипулации кои се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e