СДСМ: Уставот е јасен, со МВР треба да раководи цивилно лице

Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат. После отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи, реагира СДСМ.

„Уставот е јасен, согласно членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција. Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства“, велат од владејачката партија.

Од таму потенцираат дека редлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат.

„Не може да се повикувате на право а да промовирате предлози спротивни на Уставот. Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип. Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози. Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април“, стои во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e