СДСМ: Следува историско покачување на пензиите од 8,4% за сите 330.000 пензионери

СДСМ се грижи за пензионерите, обезбедува континуиран раст на пензиите.

Со мартовската пензија следува историско зголемување на пензиите за 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери, велат од владејачката СДСМ.

Просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.

Преку одговорните и ефикасни политики, владата предводена од СДСМ за само една година од март 2022 до март 2023 ги зголеми пензиите за 18 отсто, што никогаш досега се нема случено.

Благодарение на новата методологија за усогласување, со која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на трошоците на живот и растот на просечната плата, се обезбедува континуиран раст на пензиските примања.

Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со грижа за највозрасните граѓани, кои треба достоинствено да живеат во своите пензионерски денови, порачаа од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e