СДСМ: СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на партизација, притисоци и злоупотреби врз обвинителството. Затоа правдата за нив е проблем. – реагираат од СДСМ.

Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите.

Тоа го овозможува новиот Закон за јавно обвинителство и затоа предлог законот е најсоодветното решение коешто е доставено и истиот треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата.

Република Северна Македонија е правна држава кадешто судовите и обвинителствата работат слободно и независно, држава во која законите важат подеднакво за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e