СДСМ Штип: Вработувањата на роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ класичен непотизам во ЈП Исар Штип

“Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, предизборно ги полни јавните претпријатија и администрацијата со негови блиски роднини или роднини на функционери од оваа партија.” – обвинија на денешната прес конференција од СДСМ Штип.

“ЈП Исар е класичен пример за непотизам и партизација на јавните институции, на штета на професионалците. Во ова јавно претпријатие се вработени:

-Трајче Гогов, зет на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев;

-Николов Стевче, брат на советничката на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Штип, Данче Николовска –Вртеовска;

-Сузана Шеринска, сестра на Зоран Минов, градоначалник на Општина Карбинци;

-Данче Лукарева Каева, во роднинска врска со пратеникот Антонио Милошевски;

-Зоран Божиков, поранешен претседател на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во МЗ Пролет кој воедно беше член и на УО на ЈП Исар;

-Кети Иванова, сопруга на координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Дали граѓаните коишто не се членови на ВМРО-ДПМНЕ имаат право да се вработат?

Доколку навистина постоела потреба од нови вработувања во ЈП Исар, зошто директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев во изминатиот период вршеше прераспределбана вработените во администрацијата на Исар под изговор дека е намален обемот на работа?

Или пак овој оглас беше отворен само за роднините на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ?

Граѓаните на Македонија не можат повеќе да го издржат ВМРО-ДПМНЕ.

На самоволието и недомаќинското работење на градоначалникот Захариев и на неговите блиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ, им доаѓа крајот.

По деморкатските промени, за новата влада предводена од СДСМ, приоритет ќе бидат граѓаните и нивните потреби, како и целосна департизација на јавните претпријатија и админстрацијата.” – додаде Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e