СДСМ: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ во нови насилнички сценарија

Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Христијан Мицкоски и Никола Груевски – велат од СДСМ.

Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осимничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април.

Медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ денеска синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио.

Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот.

СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство.

Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.

Очекуваме сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.

Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните.

Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e