СДСМ: Со Сашко Николов Штип останува во сигурни раце

„Доктор Сашко Николов е дел од чесната понуда на СДСМ за предвремените локални избори за градоначалник на Општина Штип.

Со програмата на Николов и СДСМ, продолжуваме да го градиме Штип за денес и утре. Ги реконструираме главните сообраќајници во градот, продолжуваме со изградбата на браната на реката Отиња, го гасифицираме Штип, инвестираме во спортот и младите, одговорно се грижиме за животната средина, го чуваме културното наследство и негуваме вековните традиции.

Продолжуваме со интензивна борба со коронавирусот и заштитата на јавното здравје и целосно подобрување на условите за живот во Штип. Со Д-р Сашко Николов продолжува реализацијата на проектите важни за граѓаните.

Штип одбира да продолжи да чекори напред, да се развива и модернизира. На 13 декември граѓаните на фер, слободни и демократски избори, на озбори безбедни за здравјето ќе застанат зад Николов, за прогресот на Штип да продолжи.

Штип останува во сигурни раце!“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e