СДСМ: Осомничениот Груевски со евтини трикови сака да ги прикрие катастрофалните резултати во борбата со невработеноста

ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски продолжува да сее лаги и да создава лажна слика за наводни економски успеси. Осомничениот Груевски со евтини трикови сака да ги прикрие катастрофалните резултати во борбата со невработеноста.

Наводните вработувања со коишто се фали дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Спасов се само нови 911 издадени потврди за ослободување на фирмите од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување.

Вистината што се крие од граѓаните е дека за едно вакво работно место може да се издадат повеќе потврди зависно од тоа дали лицето го остварило правото до крај или после неколку месеци го прекинало работниот однос од било какви причини.

Резултатите од пропаднатиот проект ,,Македонија вработува“ се само нови 19.000 потврди за ослободување од придонеси од задолжително социјално осигурување за фирмите, што ќе значат ново продлабочување на буџетската дупка во ПИОМ и нови компликации за фирмите.

Спасов да каже дали власта задолжи над 3.000 фирми да ги плаќаат придонесите, иако требаше да бидат ослободени од таа обврска?

Исто така да каже колку од работодавачите ги изгубија бенефициите?

И фирмите и граѓаните се излажани со ваквите апсурдни проекти на осомничениот криминалец Груевски.

626.312 граѓани ја напуштија земјата затоа што немаа нормална работа и услови за живот. Тоа е единствената „успешна“ мерка на Груевски за намалување на невработеноста.
Затоа Македонија му рече збогум на Груевски! Промените доаѓаат! Македонија победува! – се вели во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e