Ќе има нови вработувања во Македонија, шанси за нови бизниси со кои ќе ги мотивираме младите да останат во државата и повисоки плати. Но тоа ќе го реализира новата одговорна Влада за којашто гласаа граѓаните на предвремените избори.
Граѓаните очекуваат реални политики и затоа го поддржаа Планот за живот. Тој предвидува зголемена поддршка на малите и средни претпријатија од 200.000 евра на 20 милиони евра годишно. Бесплатен деловен простор за нови компании во старт ап центри. Отворање фирма со 1 евро основачки капитал. Поволни кредити до 15.000 евра за микробизниси со само 1 процент камата.
Граѓаните знаат дека ова се реални и остварливи мерки со кои ќе овозможиме живот во Македонија. Тие ги видоа ефектите од “оперативните планови“ на Никола Груевски и неговиот дил ориентед партнер Владимир Пешевски и не сакаат такви планови.
Со тие “оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување.
Времето на Груевски и на неговите соработници како Пешевски заврши.
Граѓаните избраа промени и само нова и одговорна Влада според нивната мнозинска волја може да создаде услови за отворање нови работни места и квалитетен живот во Македонија. – реагираат од СДСМ.