СДСМ: На Европа ѝ даваме уште една вредност, европски претседател, ќе покажеме, вака се оди здружено, Заедно Напред

„Претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на митингот во Стумица повикаа граѓаните од општината и од државата, масовно да ја поддржат опцијата Заедно Напред.

-Оваа политичка опција е единствено европска и ќе ја однесе државата меѓу европски равиените нации и држави, рече кандидатот за претседател на државата, Пендаровски.

Тој додаде дека клучните работи во нашата држава се солидарност, почит и еднаквост меѓу сите етнички заедници.

-Немаме намера да им овозможиме на оние кои ја зацрнија државата, кои со режимот децата ги избркаа, да ја вратат назад. Република Северна Македонија дефинитивно оди кон развиениот свет, немаме намера да дозволимре да се врати во мрачното минато. Ќе бидеме вистински реални победници во интерес на сите нас и нашата заедничка татковина. Заедно одиме Напред, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочи дека Струмица отсекогаш била европска општина и дека “покажавме како се води и држава”.

-Отворивме перспективи кон НАТО и ЕУ, почнавме економски да ја развиваме државата, економските параметри го покажуваат тоа, доаѓа убава иднина, назад нема, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој посочи дека “вниманието на регионот и светот го свртевме кон нас, од сите страни доаѓаат потврди и признанија, тоа се и дома, рекордниот број странски инестиции, повисоките плати, намалената невработеност, отворениот просперитет”.

-‘И дадовме на Европа вредности: се обединивме во Едно општество за сите, покажавме дека различностите се предност, ги решивме најчувствителните прашања низ европска култура на компромис, на дело, застанавме како стожер на соработката во регионот, на дело. Ќе им подадеме на Европа и на светот уште една вредност, европски, демократски претседател, на европска демократска држава -еве го, Стево Пендаровски, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој додаде дека “на нашата земја и треба претседател кој влече Напред, а не Назад, води кон Прогрес, не кон Застој, кој Обединува, а не Дели, со став, наспроти партиски интереси.

-Испраќаме порака дека: концептот едно општество за сите продолжува, цврсто сме определени за Република Северна Македонија, членка на НАТО и ЕУ, целта за економски развиена држава ја реализираме. Една грешка ‘не чини децении од нашите животи. На 21. април, на 5.мај, масовно да излеземе на гласање, да покажеме на сите дека – Еве вака се оди заедно, здружено, напред, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев од митингот во Струмица“, се вели во соопштението испратено од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e