СДСМ: Модерни автопатишта ќе изгради новата Влада, доцна е за Груевски

“Граѓанинот Никола Груевски нема што да бара на автопатишта, ниту да се дообјаснува. Новата одговорна Влада што ќе ја изберат граѓаните ќе го доврши автопатот Демир Капија – Смоквица и посветено и професионално ќе се посвети на сите проблеми што ги напласти актуелната несериозна власт.

10 години Груевски седеше во премиерската фотеља и успеја да изгради само 7 километри автопат! 4 години досега се гради Демир Капија – Смоквица, за којшто граѓаните денеска слушнаа дека ни овој септември нема да бил готов. И тоа токму од најдиректниот виновник за нерешените елементарни потреби на луѓето, Груевски, под чијашто власт се случија и контроверзиите со исплати во кеш токму за изградбата на овој автопат, којшто одзеде изминатите години и многу човечки животи.

Модерна современа инфраструктура е еден од главните приоритети во Програмата на СДСМ со што ќе ги заштитиме животите на граѓаните по патиштата и ќе обезбедиме развој на Македонија.” – реагираат од СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e