СДСМ: Мицкоски исвиркан на сопствениот протест, никој не му верува, ниту неговите, а најмалку граѓаните

„Губитникот Мицкоски вчера беше исвиркан на протест на кој едвај 200 негови се појавија.

Јасно е дека никој не му верува на Мицкоски, ниту неговите а најмалку граѓаните.

Уште еднаш губитникот Христијан Мицкоски покажа дека не му е ниту до државните интереси, ниту до здравјето на граѓаните, а најмалку му е грижа за европската иднина.

Тој се грижи само да ја зачува фотелјата во белиот дворец кое гледаме и дека не му оди баш најдобро.

Мицкоски и антидржавното ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ја поткопуваат меѓународната позиција на државата, токму тие се оние кои како власт ја држеа земјата во изолација, а како опозиција прават се да го попречат напредокот во интеграциите.

Тој секогаш е на спротивната страна од државните и националните интереси, не направи ништо за евроинтеграциите, само против НАТО и само против ЕУ.

Не може за „брза трака“ на интеграција да зборува Мицкоски кој беше дел од 11годишен режим што ја држеше Република Северна Македонија во изолација и заложништво. Овој народ нема уште 11 години да загуби.

Граѓаните совршено знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата. Кој обебзеди членство во НАТО и интеграција во ЕУ, тоа се СДСМ и Зоран Заев, а кој постојано навиваше и работеше тоа да не се случи“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e