СДСМ: Ќе ја промениме лошата состојба во Свети Николе

“Почитувани сограѓани нека ни е честит денешниот празник, 14 септември ден кога е ослободен нашиот град од фашистичката окупација .” – изјави Зоран Наков, претседател на ОО СДСМ Свети Николе.

“Стоиме пред споменикот на паднатите борци кои својот живот го дале во борбата против фашизмот.

Никогаш не смееме да го заборавиме делото на овие борци, уште повеќе имаме обврска да го пренесеме на идните поколенија.

За разлика од нас владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги велича личностите од минатото кој соработувале со фашистички организации и држави, уште полошо што во 21 век на тие им гради споменици трошејки народни пари.

Власта заборави на потребите на граѓаните од Св. Николе, ветените инвестиции како што беа инвестицијата на Субрата Рој, изградбата на печуркара кај Амзабегово, изградба на фабрика за селектирање на отпад и изградба на индустриска зона „Мавровица“ и промашените инвестиции како што е Земјоделскиот Факултет кај

Пеширово кој две години не работи, како што е фонтаната пред нас која сеуште не проработи и е во фаза на распаѓање, како што е урнатиот мост на Мавровица.

Од тие причини Св. Николе се претвори во општина без перспектива што доведе до масовна миграција на младите од Св. Николе.

Почитувани, наша обврска е, да ја промениме состојбата во Св. Николе , заедно да застанеме против криминалната власт, заедно да се избориме за слобода и демократија, заедно да создадеме услови за подобра и сигурна иднина на младите.

Крајот на оваа власт се гледа, СДСМ ве повикува заедно да се избориме за заслужената слобода, мирот и спокојството на секој граѓанин.

По 11 декември ќе се врати слободата и демократијата.

Нека ни е вечен и срекен празникот.” – додаде Наков.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e