СДСМ: Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на државата и на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.

Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже: со кого соработува во Бугарија и за какви цели шири лажни информации Македонија се распарчува.

Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на сопствената држава и на сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ.

Граѓаните одамна го препознаа лажниот патриотизам на самопрогласениот хистеричен Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги пратија во опозиција поради антидржавно и антиевропско дејствување.

Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ напред кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e