СДСМ: Груевски мора да прифати дека е соочен со правдата!

Правдата е дел од започнатите демократски процеси во Македонија.

Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтирање политички судски процеси. Фатен е во лаги на граѓаните за жолти комбиња, клонирани станици и наводни странски служби. Фатен е во скандалот со нелегалното прислушување, заедно со неговиот братуќед Сашо Мијалков. За сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност.

Судството ќе биде независно. Мандатот на СЈО ќе биде продолжен. Ќе се реализираат сите реформи препорачани во извештаите на Прибе и Европската комисија.

Заврши времето за политичари како Груевски.
Ќе има и правда, и живот и промени. Така одлучија мнозинството граѓани на изборите на 11 декеври. – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e