СДСМ со граѓаните, викендов одржани 24 маалски средби ширум земјава

СДСМ е со граѓаните. По победата на парламентарните избори и формирањето на новата Влада СДСМ продолжува на терен, меѓу граѓаните, на маалски средби. Разговараме отоврено со граѓаните за нивните потреби, за напредокот на земјата, го слушаме гласот на секој човек. – информираат од партијата.

Овој викенд, претставници на партијата одржаа 24 маалски и урбани средби во различни населени места, општини, ширум земјава.

Потпреседателот Оливер Спасовски се сретна со граѓаните на Ѓорче Петров и со граѓаните на Средорек, потпретседателката Мила Царовска беше во посета на Драчево, општина Кисела Вода, потпретседателот Мухамед Зеќири приуствуваше на маалска средба во Шуто Оризари, додека потпретседателот Коста Петров беше се сретна со граѓаните од општина Сопиште.

На маалски средби со граѓаните учествуваа и повеќе пратеници на СДСМ, претседатели на Комисии на СДСМ и други претставници на партијата. Пратеникот Јован Митрески се сретна со граѓаните на Струга, Мартин Костовски со граѓаните на општина Ранковце, Коста Костадинов на средби во општина Василево, додека пратеничката Фаница Николова беше во посета на општина Брвеница.

Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче се сретна со граѓаните на Штип, додека Јагода Шахпаска учествуваше на маалска средба во Велес.

СДСМ како одговорна партија продолжува да го слуша гласот на граѓаните и да ги следи нивните потреби. Во следниот период ќе работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e