СДСМ го поддржува предлогот да се укине финансирањето на партиите, средствата да одат за заштита

СДСМ како одговорна партија во овие сериозни времиња и предизвици за сите нас како граѓани. Го поддржуваме предлогот на министерката за правда Рената Дескоска затоа што сметаме дека тоа чин на солидарност и таква солидарност на дело треба да покажеме сите политички чинители во нашата држава, рече денес на прес-конференција потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Со предлогот наместо парите да се трошат и да завршуваат кај партиите, треба да завршат кај државата за граѓаните да не изгубат ниту едно работно место и секако тие средства да се искористат за здравствена заштита на граѓаните и ние сме оптимисти дека таквиот предлог ќе наиде на поддршка од сите, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e