СДСМ: Финансиска помош од 70 милиони евра за исплата на плати, Владата предводена од СДСМ го усвои предлог-законот

Владата предводена од СДСМ, со усвојување на предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати, продолжува со навремени и ефикасни мерки за справување со економските последици од коронакризата и спасување на работните места, стои во најновото соопштение од СДСМ.
Со оваа мерка, финансиска помош во вкупна висина од 70 милиони евра ќе добијат работодавачите погодени со коронакризата, за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава, а поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и ќе се движи од 14.500 денари, па се до 21.776 денари.
Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај фирмите со пад на приходот од над 80%, поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен.
Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година и два месеци по користењето на финансиската поддршка нема да смеат да го намалуваат бројот на вработени.
Предлог – законот предвидува глоби до 10 илјади евра во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена.
Владата предводена од СДСМ реализира мерки што спасуваат работни места и обезбедуваат помош за домашната економија и во услови на економска криза застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.
СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за сите, за ублажување и надминување на последиците од економската криза. – порачуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e