СДСМ: Единствена понуда на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е обнова на режимот и затоа на 12 април ќе доживеат нов убедлив пораз

Соопштение за јавност – реакција на изјава Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ

Ништо не е сменото во ВМРО- ДПМНЕ кочнираска, матрицата на груевизмот е силно присутна во белиот дворец.

„Свежите кадри“ за кои денеска зборува Владо Мисајловски се луѓе кои имаа клучни улоги во функционирањето на режимот на Никола Груевски.

Наследникот на Миле Јанакиески, Владо Мисајловски, советникот и секретарот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, портпаролот на Гордана Јанкуловска, Иво Котевски, пропаднати претседателски кандидати, роднини на високи функционери од времето на Груевски, насилници и обвинети за корупција не се свежи туку кадри на груевизмот.

Таквите кадри не можат да понудат ништо освен обнова на режимот, обнова на криминал и насилство. Со такви кадри ВМРО-ДПМНЕ нуди враќање назад, назад во изолација, поделби, конфликти и неизвесност.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e