СДСМ: Арсовска бега од одговори во јавноста, но не може да побегне од поразот што ќе и го испорачаат Скопјани во недела на 17 октомври

„Независната“ кандидатка Данела Арсовска на ВМРО-ДПМНЕ два дена бега од одговори во јавноста откако беше фатена жива во голем скандал каде како управител на нејзините фирми направила долг од 54.000 евра за неплатена струја и салата Расадник ја оставила во руинирана состојба, велат од СДСМ.

Толку од чесноста,толку од искреноста, толку од лажното тврдење на кандидатката на Груевски.

Ако може без око да и трепне да прави милионски долгови, јасно е како ден дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со буџетот на Град Скопје.

Тоа е препознатливиот печат на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, нечесно однесување и бегање од одговорност. Тоа е препознатливиот печат на деструктивното ВМРО-ДПМНЕ кое 27 години го опустошуваше Скопје.

Колку и да бега од одговори Арсовска не може да избегне од казната што ќе и ја испорачаат скопјани на 17 октомври, бидејќи упорно и безобразно и потценува и се обидува да ги излаже со стари веќе видени трикови, порачаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e