СДСМ: 11 години ВМРО-ДППМНЕ вршеше притисоци врз новинари и медиуми, а денес е во паника бидејќи општеството е против нивните дезинформации

Притисоците врз медиумите и новинарите беа одлика на 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се апсеа и притвораа новинари, кога се затвораа медиуми и се газеа новинарските права и слободи.

Затоа денес, кога се враќаат медиумските и новинарски слободи, ВМРО-ДПМНЕ нема миминум кредибилитет да зборува за состојбата во медиумите.

Лагите, дезинформациите и измислените случаи што се шират од белиот дворец речиси секојдневно се и институционално демантирани од офцијални, државни институции.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, дезинформации и невистини е во паника од тоа што општеството, граѓаните и институциите се организираат во борбата против дезинформациите.

Граѓаните одамна ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како главен извор на лажни вести, затоа само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи борбата против дезинформациите, лагите и измислиците кои се против интересите на демократијата, граѓаните и државата. – стои во најновото соопштение од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e