Сасоли доаѓа во С.Македонија, ќе даде сигнал дека сме на „прав пат“

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли утре ќе ја посети Република Северна Македонија.

Пред неговата посета на земјава, во интервју за МИА, вели дека блокадата на преговорите во ЕУ ја освести европската јавност за важноста на ова прашање.

Смета дека француското вето на последниот самит е само мала пречка на патот која ќе се надмине во наредните месеци.

Сасоли во интервјуто за МИА посочува дека наредните шест месеци ќе бидат многу важни, како и Самитот во Загреб.

Новиот претседател на Европскиот парламент потсетува дека имало серија барања од Северна Македонија и Албанија и додава дека сега мора да им се даде сигнал дека се на прав пат и тие да продолжат со напорите.

Според Сасоли, Северна Македонија покажала интерес и за други прашања, како на пример евроатлантскиот систем на одбрана, што за него е навистина доказ дека има волја за приближување кон европското семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e