Владата го продолжи рокот за пријавување штети од страна на жителите од поплавените подрачја, па наместо до денеска, граѓаните ќе може да пријавуваат до среда, 7 септември, информира Општина Гази Баба.
Тие треба да ја пријават штетата што невремето на 6 август ја предизвика на имотот, моторните возила, земјоделските површини и на сточниот фонд.
– Сите лица од поплавените подрачја што ги немаат пријавено штетите, може да го направат тоа во Општина Гази Баба или во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гази Баба – информираа од Општината.
Неофицијалната бројка на семејства кои претрпеа штети од поплавите е околу 4.000.